Home » Југославија беше држава со вредности, видете сега какви кретени нѐ водат

Југославија беше држава со вредности, видете сега какви кретени нѐ водат

by Журнал.мк

Зошто ни се враќа југоносталгијата? Затоа што видете какви кретени не водат, Југославија беше држава со вредности, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски коментирајќи ја изјавата на Христијан Мицкоски дека Тито е диктатор.

– Тоа беше држава со вредности, Тито обезбеди стандард, знаете ли што значеше да се има југословенски стандард? Американци го молеле Тито да им организира состанок со Мао Це Тунг, Југославија имаше вселенска програма, нуклеарна програма… Да имаше Југославија нуклеарка немаше ни да се распадне, вели Јакимовски.

Тој додава дека за да се стане политичар во Југославија се минувало долг пат, не како сега, од централа на “неправо добиен трон”.

– Тогаш прво требаше да бидеш претседател на одделението, па на училишната младина, па општинска младина, па во совет на општина, па на работни акции да одиш две-три години, потоа координатор на група за акциите, потоа во републичка младина, па додека да дојдеш до куферчето да го носиш на некој министер си печен политичар, вели Јакимовски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More