Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари се соочи со проблеми во претходните денови, откако не ги пријави Марио Манџукиќ и Емре Џан за настап во Лигата на шампиони.
Двајцата фудбалери се разочарани, па сметаат дека се измамени и сакаат во јануари да го напуштат клубот.
Сари нема намера да ги задржи незадоволните членови во екипата, па веќе подготвил „шут-карта“ за двајцата фудбалери.
За услугите на Манџукиќ покажа интерес Вест хем, додека не е познато каде Џан ќе ја продолжи кариерата.