Италијанскиот првак Јувентус овој викенд ќе ја отвори новата сезона во Серија А. Одбраната на титулата ќе ја започне на гости кај Парма, а тоа ќе мора да го направи без својот тренер.
Маурицио Сари има здравствени проблеми и поради тоа ќе го пропушти првиот сезонски натпревар.
„Сари има воспалување на плуќата и поради тоа ќе мора да биде на посебна терапија. Тренерот го извести клубот дека може на јавноста да споделува информации околу неговата здравствена состојба“, се вели во соопштението на „старата дама“.
Дуелот е закажан оваа сабота со почеток од 18:00 часот.