21 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Јувентус со прва понуда за голгетерското „чудо“ Халанд

Најчитани вести

Со само 19 години Ерлинг Халанд игра фантастично оваа сезона и буквално ја воодушеви фудбалска Европа со своите настапи во Лигата на шампиони.

Настапите на Халанд во Лигата на Шампионите не поминаа незабележано од гиганти како Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, кои наводно веќе испраќале понуди.

Извесно е дека клубот од градот на Моцарт значително ќе профитира од продажбата на Халанд. Норвежанецот во Салзбург пристигна на почетокот на оваа година од Молде за само пет милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и веќе испратил прва понуда за Халанд. „Старата дама“ понудила 40 милиони евра плус бонуси, меѓутоа тоа не е доволно да се убеди Салцбург да ја пушти својата ѕвезда.

Преговорите меѓу двата клуба ќе продолжат и следните месеци, а првичната сума која ја бара Салцбург за својата ѕвезда е 80 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести