33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Јувентус прави планови како да го „украде“ Зидан од Реал Мадрид!

Најчитани вести

Управата на Јувентус ептен внимателно ја следи ситуацијата во таборот на Реал Мадрид и ептен ѝ се израдува на синоќешната полуфинална елиминација на „кралевите“ од Лигата на шампионите (ЛШ), верувајќи дека така ќе им биде полесно да дојдат до посакуваната цел – Зинедин Зидан.

Не е тајна дека во Торино не се задоволни од работата на Андреа Пирло и дека веќе му бараат замена, а во францускиот стратег гледаат идеална личност кој би направил реконструкција во таборот на „бјанконерите“. Зидан исто така е критикуван во Шпанија и нема да биде изненадување ако си замине следното лето, особено ако не ја освои домашната титула.

Италијанските медиуми тврдат дека спортскиот директор на Јуве, Павел Недвед, е во постојана комуникација со поранешниот соиграч и дека чека само мал знак од него да почне официјални преговори за негов трансфер во Торино.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести