1 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Јувентус не престанува со засилувањата: На лекарски прегледи пристигна уште еден новајлија

Најчитани вести

На официјалните профили на Јувентус на социјалните мрежи беа објавени фотографии и видеа од најновото засилување на клубот кое денес пристигна на медицински прегледи во Торино.

Станува збор за младиот, 21 годишен стопер од Џенова, Кристијан Ромеро кој зад себе има одлична сезона во дресот на Џенова.

Ромеро е второ засилување за Јувентус во одбраната по пристигнувањето на турскиот интернационалец Мерих Демирал.

За аргентинскиот стопер Јувентус на Џенова ќе плати од 15 до 20 милиони евра,а Ромеро веднаш ќе биде вратен на позајмица во истиот клуб. Постои опција Јуве да го испрати фудбалерот кој минатата сезона одигра 27 натпревари во Џенова во таборот на Аталанта.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести