18.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Јувентус му прави уште поголеми проблеми на Манџукиќ, Паратичи потврди дека трансферот во Катар е…

Најчитани вести

Марио Манџукиќ дефинитивно нема иднина во Јувентус под водство на Маурисио Сари.

Хрватот е најголемиот губитник затоа што во последните денови од преодниот рок одби да се пресели во Манчестер Јунајтед иако клубот од „Олд Трафорд“ доставил прифатлива понуда до Јувентус.

Неколку дена потоа, на Манџукиќ му беше соопштено дека нема да се смета на него, а тој дури беше изоставен и од тимот за Лигата на шампионите.

Сега се појави можност за негова преселба во Катар, меѓутоа трансферот како што пренесе спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи во моментов е стопиран.

– Ситуацијата околу Манџукиќ е многу комплицирана и трансферот моментално е стопиран. Стрпете се зошто преодниот рок во Катар е до 30. септември. Ќе видиме што ќе се случи во наредните денови, и ние чекаме расплет на целата ситуација, -изјави Паратичи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести