9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Јувентус му го продолжиле одморот на Дибала

Најчитани вести

Челниците на Јувентус му биле лути на Паоло Дибала бидејќи тој одбива да се пресели во Манчестер Јунајтед, поради што му го продолжиле одморот за уште неколку дена, пишуваат италијанските медиуми.

„Ла Хоја“, вечера се вратил во Торино, меѓутоа не се упатил кон клупскиот центар, ниту пак се појавил на медицинските прегледи за новата сезона. Разговорот што требало да го има со тренерот Маурицио Сари наводно бил одложен за денес.

Челниците решиле да му го продолжат одморот, а италијанските медиуми иронично коментираат дека тие му оставиле простор за размислува.

Дибала бил лут бидејќи зад неговиот грб Јувентус со Манчестер Јунајтед ја договориле размената, тој да се пресели на „Олд Трафорд“, а во Торино да пристигне Ромелу Лукаку.

Јунајтед сакаат час поскоро да го завршат трансферот бидејќи преодниот рок во Англија завршува за една недела.

Наводно Дибала побарал од Јунајтед годишна плата од 14 милиони евра, само за да ги одбие „црвените ѓаволи“. Исто така тој не сакал да оди во Манчестер бидејќи клубот нема да игра во Лигата на шампионите.

Некои аналитичари во Италија коментираат дека тој не сака да игра за Манчестер Јунајтед, но дека не би размислувал ниту една секунда доколку добие покана од Ливерпул или Манчестер сити.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com