21 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Јувентус „мерка“ три ѕвезди на Манчестер Јунајтед

Најчитани вести

Италијанскиот шампион Јувентус и ова лето значително го засили тимот, но раоводството веќе почна да работи на засилувања за следната година.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус посакува да ангажира дури тројца фудбалери на Манчестер јунајтед, а помеѓу нив е и еден од најдобрите голмани на светот, Давид де Геа.

На шпанскиот голман му истекува договорот со „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната, па „бјанконерите“ сакаат да ги искористат добрите односи со агентот Жорге Мендеш и да го донесат Де Геа без обештетување.

Иста е ситуацијата и со другите двајца фудбалери, а станува збор за Немаља Матиќ и Ерик Баи.

Јувентус е познат како „мајстор“ за доведување на слободни агенти, па ова лето без обештетување ги донесе Адриен Рабио и Арон Рамзи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести