Италијанскиот шампион Јувентус ќе ја активира клаузулата на полскиот напаѓач Арек Милик и ќе го донесе во своите редови по завршувањето на сезоната, пренесува француски „Екип“.
Полскиот репрезентативец се скара со раководството на Наполи па во јануари премина на 18 месечна позајмица во Марсеј со тоа што францускиот клуб има обврска да го откупи неговиот договор за 8 милиони евра.
Француски „Екип“ тврди дека постои клаузула според која Марсеј мора да го продаде ако добие понуда од 12 милиони евра и дека Јувентус знае за тоа и ќе ја активира истата. Со оглед на тоа дека „Старата дама“ прави ремонт ангажманот на Милик за таква сума треба да е добар потег.