4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Јувентус го потврди враќањето на Кин и ги објави деталите за трансферот

Најчитани вести

Моиз Кин, напаѓачот од младинската школа на Јувентус кој и сениорското деби го имаше за овој клуб, се враќа таму каде што почна.

Со одличните партии за ПСЖ минатата сезона каде играше како позајмен од Евертон, го натера Јувентус да го врати и токму него да го одбере како замена за Роналдо кој замина во Јунајтед.

Јувентус утринава официјално го потврди трансферот на Кин и ги соопшти деталите.

Тој ќе игра на двегодишна позајмица со обврска целосно да биде откупен. Во првата година Јуве за позајмицата ќе плати 3 милиони евра, а во втората 4 милиони евра. Потоа на три рати треба да исплати уште 28 милиони евра за трансферот да стане перманентен. Има и бонуси во вредност од 3 милиони евра.

Кога ќе се соберат сите суми, ќе искочи дека Јувентус на Евертон ќе му плати 38 милиони евра за Кин.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com