Јувентус го позајми Леандро Паредес (28) од ПСЖ во текот на летниот преоден рок.
Аргентинскиот играч за врска пристигна на позајмица со опција за откуп за 22 милиони евра, но тоа нема да се случи на крајот од сезоната, тврди Фабрицио Романо.
Јувентус не планира да го купи актуелниот светски шампион со Аргентина. Паредес оваа сезона играше 22 пати за Јувентус, а во Серија А одигра 568 минути.
Тој не е стандарден во замислите на тренерот Масимилијано Алегри, па на крајот од сезоната ќе се врати во ПСЖ, кој исто така не сака да го задржи.
Паредес во својата кариера настапуваше за Бока Јуниорс, Кjево, Рома, Емполи, Зенит и ПСЖ, а според Transfermarkt вреди 15 милиони евра. За Аргентина постигна четири гола на 51 натпревар.