7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

ЈП „Градски паркинг“: Нема промена во цените на услугите

Најчитани вести

Изминатиов период ЈП „Градски паркинг“ – Скопје се соочува со прашања од корисници поврзани со шпекулации за наводна промена на цените на услугите што ги нуди претпријатието.

„Поради ова, ја известуваме јавноста дека цените на услугите што ги нуди претпријатието по сите основи остануваат непроменети и се во согласност со ценовникот на услуги на ЈП ‘Градски паркинг’ – Скопје. Потенцираме дека за секоја промена претпријатието навремено ќе ја извести јавноста, а во моментот цените на услугите на пајак-службата се непроменети и изнесуваат:

– 2.500 денари – подигнување и пренос на возило до „Депо пајак“ по налог на овластено лице,

– 3.500 денари – подигнување возило од зелена површина,

– 1.500 денари – подигнување непрописно паркирано возило по налог на овластено лице кога сопственикот се појавува на самото место и самостојно го отстранува,

– 1.000 денари – повик од трето лице за транспорт на 1-10 возила и

– 800 денари – повик од трето лице за транспорт на повеќе од 10 возила“, е истакнато во соопштението.

Апелираат до граѓаните и корисниците на услуги да не обрнуваат внимание на таквите шпекулации и за сите прашања слободно да се обратат до службите на претпријатието.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести