-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

ЈО потврди: Заврши вештачењето на вториот телефон на Јанева, но нема детали

Најчитани вести

Вештачењето на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева заврши, но детали не можат да се споделат, изјавиле за МИА од Јавното обвинителство.

По дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 23-ти овој месец беше пронајден вториот мобилен телефон на Јанева.

Телефонот, како што велат од Обвинителството, бил пронајден со следење на ИМЕИ бројот со помош на мобилен оператор и лицето кај кое бил телефонот рекло дека го добило на подарок.

По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон на Јанева и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска вчера за Канал 5 потврди дека е извештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева, но вели дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет „ајклауд“.

Телефоните на специјалната јавна обвинителка ѝ се одземени и дадени на вештачење со цел да се види нејзината комуникација со првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести