-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

ЈО: Експертите од Германија треба да пристигнат деновиве

Најчитани вести

Од обвинителството информираат дека тим на јавни обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжуваат интензивно да работат на откривање на причините за избувнување на пожарот во модуларната болница во Тетово.

Јавното обвинителство информираше дека експертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот Ковид центар во тетовската болница, треба да пристигне во земјава во следните неколку дена.

– Во меѓувреме, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан. Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот, соопштија од Јавното обвинителство.​

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com