Посетата на Јотова, како што пренесува „24 часа“, е во пресрет на националниот попис на населението во Албанија, кој, како што се наведува во веста, е значен момент за бугарското национално малцинство во Албанија откако беше признаено во 2017 годинаПотпретседателката на Бугарија , Илијана Јотова од денеска до 16 септември ќе престојува во посета на Албанија, јавуваат бугарските медиуми.
Посетата на Јотова, како што пренесува „24 часа“, е во пресрет на националниот попис на населението во Албанија, кој, како што се наведува во веста, е значен момент за бугарското национално малцинство во Албанија откако беше признаено во 2017 година. За време на посетата на Тирана, на албански ќе биде претставена книгата на доцент професор Спас Ташев – „Бугарите во Албанија“, а најавена е и посета на Јотова на селото Големо Острени, каде што ќе се сретне со претставници на бугарското национално малцинство од регионот Голо Брдо.Месноста Голо Брдо и селото Големо Острени се лоцирани на крајниот источен дел од Албанија. Населени се претежно од македонско населениеПотпретседателката на Бугарија, како што соопштила прес-службата на бугарското претседателство, ќе ја отвори новата учебна година во бугарското неделно училиште во градот Елбасан.За време на посетата на Јотова на Тирана планирани се средби со претседателот Бајрам Бегај, со вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, со претседателката на Собранието, Линдита Никола, со министерот за внатрешни работи Таулант Бала.Бугарската потпретседателка ќе има разговори и со ректорот на Универзитетот во Тирана, проф. Артан Хоџа, на кој се изучува бугарскиот јазик. Во делегацијата предводена од Јотова се и професори од бугарските универзитети и од Бугарската академија на науките“, пренесува „24 часа“.