17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

ЈОРСМ ќе отвори истрага за бонусите и платите на обвинителите на СЈО

Најчитани вести

Државниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за неколку медиуми денес најави дека Јавното обвинителство (ЈОРСМ) ќе ја проверува законитоста на исплатата на дополнителните додатоци за екс специјалната обвинителка Катица Јанева и за обвинителите од СЈО.

Јовески додава дека тие немале увид во висината на доделните бонуси.

„Исплатата на плати надоместоци е утврдена во Законот за плати на јавните обвинители. До поставување на алатката „Отворени финасии“ висината на надоместоците и начинот на пресметување на платата и надоместоци за СЈО јавно не беа достапни, за разлика од примањата на сите други обвинители за кои на сајтот на Јавното обвинителство јавно е објавен коефициентот за исплата на плати“, посочува Јовески.

Тој најави детално испитување на сите околности и правно релевантни факти за исплата на платите и додатоците.

Ова следи откако на владината алатка „Отворени финансии“ беше објавена и висината на бонусите кои ги земале обвинителите од СЈО. Во јавноста излезе информација дека Катица Јанева земала 157.000 евра додаток на својата плата. Само оваа година, си доделувала по 250.000 денари плус месечно.

Премиерот Заев изјави дека случајот треба да се истражи и доколку се докажат одредени злоупотреби, да следат соодветни постапки.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести