20 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Јоргос Катругалос: Бугарските политичари да покажат респект кон Северна Македонија

Најчитани вести

Македонско – бугарскиот јаз од недоразбирања доби грчки пораки за решение. Официјална Атина, која мудро молчи околу спорот Скопје – Софија, не ја спречи грчката опозициска парија Сириза, во чие време се потпиша Преспанскиот Договор, да испрати пораки до Бугарија и ЕУ.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос во изјава за тв 24 вели дека бугарските политичари треба да покажат респект кон тоа што Северна Македонија го направи досега.

„Ние веруваме во ЕУ пристапот на сите земји од Балканот, но примарно Северна Македонија е приоритет, кажувам примарно затоа што Северна Македонија имаше голема храброст да го реши спорот помеѓу нас и ова мора да се цени од ЕУ и сметам дека Бугарија треба да најде пристоен начин со заеднички респект и достоинство и да го направи истото.“ – изјави Јоргос Катругалос екс министер за надворешни работи на Грција.

Во исто време, опозициската Сириза на Алексис Ципрас ја обвинува актуелната грчка влада дека доцни со ратификација на три потпишани Меморандуми со Македонија уште од 2019та година. Станува збор за меморандуми за македонските евроинтеграции, економската соработка и чувањето на македонското воздушно небо. Сириза ја прашува грчката влада и како ќе се решат доцнењата за учебниците и трговските ознаки.

„Министерот Дендиас кажа дека официјален одоговор на моите пратенички прашања ќе добијам следната недела. Ние се согласивме со мојот колега Димитров дека процесот за учебниците ќе биде завршен во септември 2019та. Ова е и заедничка обврска.“ – изјави Катругалос.

Од македонската влада, денеска појаснија дека нема пречки во комуникацијата и дека за сите отворени прашања со грчката влада наскоро ќе има договор.

Официјална Атина на последната посета на министерот за надворешни работи Бујар Османи најави поддршка за македонските евроинтеграции, а во замена побара прекин на антиквизацијата и целосна имплементација на Договорот од Преспа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести