Home » Јончвски го одреди списокот на 12 играчи кои ќе настапат во Талин

Јончвски го одреди списокот на 12 играчи кои ќе настапат во Талин

by Журнал.мк

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончвски го одреди списокот на 12 играчи кои ќе настапат во претквалификациите за Олимписките игри 2024. На местото на повредениот Ненад Димитријевиќ во Талин отпатува младиот Андреј Шошкиќ.

Ненад Димитријевиќ нема да патува со нас на претстојниот турнир. Тој се пожали на болка во тетивата, како што ме информираа од лекарскиот тим, станува збор за истегнување, повредата не е премногу сериозна, но бара мирување во следните денови и доаѓа во најлош момент за нас, изјави Јончевски.

За средбите со Израел, Естонија и Чешка во конкуренција се следните 12 кошаркари: Војдан Стојановски, Ти-Џеј Шортс, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk