12.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

Јокиќ ја разочара Србија, нема да игра за репрезентацијата

Најчитани вести

Најдобриот играч во НБА оваа сезона, Никола Јокиќ вели дека му е потребен одмор и нема да може да ги прифати репрезентативните обврски за Србија. Центарот на Денвер ги одигра сите натпревари во НБА оваа сезона и клубот го советувал да одмори летово од кошарка. Србија прво треба да настапи на квалификациски турнир за Олимписките игри, а ако го помине оди на Олимпијада.

„Со големо жалење морам да соопштам дека и покрај големата желба во моментов не сум во можност да настапам за српската репрезентација. Едноставно, состојбата на моето тело бара подолга пауза и одмор, за да се опоравам за напорите што ќе ме очекуваат следната сезона. Тоа е став и сугестија на мојот клуб и реалност која морам да ја прифатам. Убеден сум дека момците и без мене имаат квалитет да остварат резултат со кој ќе нѐ израдуваат сите“, објави Јокиќ. За разлика од Јокиќ, Лука Дончиќ ќе игра за Словенија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com