Јавното обвинителство интензивно работи на случајот „Рекет“ и ако во истрагата најде инволвираност и на други лица, истрагата може и да се прошири, изјави во интервју за Канал 5 телевизија, првиот човек на Обвинителството, Љубомир Јовески
Јовески изјави дека вештачењето на телефонот на обвинителот е завршен, но дека истрагата е во тек. Запознаен е со случајот „Бришење податоци“ во СЈО, но вели дека ќе преземат некакви мерки согласно законот, само ако дојдат до цврсти сознанија.
„Обвинителството будно го следи овој настан. Од една страна доаѓаат информации дека се врши форензичко бришење на определени компјутери во т.н. СЈО, но оттаму уследи и еден демант дека не се врши бришење на податоците. Како што е познато ние имаме оформен предмет, тоа е во делот на истрага за овие две кривични дела и доколку обвнителството дојде до цврсти сознанија дека навистина се бришат определени податоци во тој дел ќе презема соодветни мерки согласно законот, вели Јовевски.
Вели дека обвинителот постапува по предметот, презема и други дејствија со цел целосно да се расчисти конкретниот кривично-правен настан. Обвинителството е определено во овој настан да ги истражи целосно дејствијата и доколку најде инволвираност на други лица, истрагата може да ја прошири – рече Јовевски.