9.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Јовески: Продолжниот кабел е само причина за пожарот – се уште го бараме виновникот

Најчитани вести

За јавното обвинителство, продолжниот кабел е само причина за пожарот додека виновникот се уште се бара бидејќи како што тврди првиот човек Јовески, истрагата продолжува.

„Ова вештачење дава одговор само на дел од аспектите кои се потребни за расчистување на настанот. Се прибираат и други вештачења, документација, податоци, сведочења. Сите тие ќе бидат предмет на разгледување и анализа, по што обвинителите ќе донесат одлука за натамошниот тек на постапката.

Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната болница во Тетово е дел од доказите кои ги прибира обвинителството. Целта на нашето работење е да се проверат сите аспекти на настанот и да се утврди вистината и точната причинско-последична поврзаност за настанување на овој трагичен настан“ – вели Јовески за Сител.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com