Јовески: Обвинителството има капацитет за предметите од СЈО

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека примопредавањето на предметите од СЈО во државното јавно обвинителство ќе се врши предмет по предмет.

“Не очекувам процесот да трае долго, а обвинителството има капацитет да ги превземе и да постапува соодветно по предметите”, изјави денеска Јовески за телевизијата Сител.

Јавното обвинителство вчера го прифати барањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ги преземе предметите на СЈО.

Јанева, која е во притвор во КПУ Затвор Скопје-Скопје како осомничена за случајот „Рекет“, во средата даде полномошно сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Ж.А.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.