Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески оствари средба со генералниот обвинител на Руската Федерација Игор Краснов.
-Во рамки на досегашната успешна соработка помеѓу двете обвинителства, на средбата беше потенцирана заедничката заложба за размена на искуства во борбата против организираниот, транснационалниот и компјутерскиот криминал, како и заштитата на човековите права, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.
Јовески и Краснов, како што стои во соопштението, се согласиле дека меѓународната соработка е основа за поуспешна борба со криминалот, како задача на обвинителската професија.
Јовевски учествува на меѓународната конференција во Санкт Петербург „Улогата на обвинителствата во заштитата на индивидуалните права и јавниот интерес во светло на препораките од Европската конвенција за човековите права”.