Јовески: Има заинтересирани, но спогодба за ,,Рекет” не е постигната

0

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека имало заинтересирани за спогодба во предметот ,,Рекет”.

,,До овој момент спогодба не е постигната” рече Јовески и потврди дека имало заинтересирани за спогодба.

Случајот „Рекет“, Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во затворот „Скопје“, а Зоран Милески – Кичеец е во домашен притвор.

Боки 13 беше приведен на 15 јули годинава на граничниот премин Богородица при обид за бегство поради сомнение за изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев. Според истрагата што ја води обвинителката Вилма Русковска, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврати зеле 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата на Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.