Јовески: До овој момент нема основ за дисциплинска постапка за Русковска

    0

    Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески изјави дека нема отворено постапка за СМС пораката, која обвинителката Вилма Рускоска ја испрати до судиите кои ја пуштија Катица Јанева во домашен притвор.

    -Состојбите што настанаа со пораката на обвинителката Рускоска ги разгледа Колегиумот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Колегиумот и јас како јавен обвинител наоѓаме дека до овој момент нема основ за покренување дисциплинска постапка, истакна Јовески за МИА.

    Тој посочи дека треба да се почека што ќе заклучи Советот на јавни обвинители, кој денеска расправа за ова.