24 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Јоанис и Данчила во трка за претседател на Романија

Најчитани вести

Актуелниот романски претседател Клаус Јоанис води по првиот круг од претседателските избори во земјата, покажаа првичните резултати.

Според анкетите, се очекува тој во вториот круг да се соочи со доскорешната социјалдемократска премиерка Виорика Данчила.
Централното изборно биро по преброените речиси 96 отсто од гласовите, соопшти дека Јоанис освоил речиси 37 проценти, а Данчила 23,45 проценти од гласовите. Вториот круг од изборите ќе се одржи на 24 ноември.

На изборите е забележан низок одзив на гласачите во земјата, но романската дијаспора гласаше во рекорден број. За конечните официјални резултати од странство ќе бидат потребни неколку дена да се избројат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести