Селекторот на репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев смета дека неговата селекција нема да биде меѓу фаворитите за освојување на континенталниот собир кој ќе се случи на лето.
Германија се пласираше на Европското првенство за 2020 година, но Лев наброи дури шест репрезентации кои се пред нив во трката за освојување на трофејот.
– Репрезентациите како Англија, Франција, Шпанија, Италија, Белгија и Холандија се пред нас. Тие направија промена на генерациите, а јас не го гледам нашиот тим како фаворити за освојување на Европското првенство, – кратко изјави Лев.