24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Јирген Клоп со несекојдневни методи до предност во трката за титулата, на помош повика сурфер

Најчитани вести

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е во фокусот на вниманието откако го повика легендарниот сурфер Себастијан Штојднер да им држи предавање на фудбалерите.

Ливерпул и Манчестер Сити минатата сезона водеа жестока битка во Премиерлигата до последното коло, на крајот „црвените“ ја загубија титулата за еден бод.

За очекување е и новата сезона да биде полна со неизвесност, а Јирген Клоп се обидува на секој можен начин да се стекне со предност во трката за насловот шампион на Англија, кој клубот од Енфилд го чека 30 години.

Тајмс објави дека Германецот на помош го повикнал својот сонародник Себастијан Штојднер кој е професионален сурфер и еден од најдобрите кога е во прашње сурфање на големи бранови.

Во тренинг кампот на Ливерпул во Евиан, Себастијан Штојднер одржал мотивационен говор за менаџирање со стрес и справување со паника. Тој исто така имал сесија со фудбалерите во базен, фокусот бил на техники за дишење и задржување на здивот.

Весникот пренесува дека играчите на Ливерпул биле прилично импресионирани од презентацијата на Себастијан Штојднер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести