Јирген Клинсман е новиот тренер на германска Херта, откако досегашниот тренер Анте Човиќ и клубот се разделија. Тој го превзема клубот до крајот на сезоната.
Клубот информацијата ја објави на својата официјална страна, а попладнево кој ќе биде и официјално промовиран пред медиумите.
Клинсман од 2016 година немал ангажман, а претходно беше тренер на Баерн Минхен и селектор на репрезентациите на Германија и САД.