18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

Јелена Јованова објави романтична фотографија со сопругот Стјепан

Најчитани вести

Актерката Јелена Јованова објави фотографија со сопругот, хрватскиот актер Стјепан Периќ. Сликата е од пред четири години, од нивната венчавка во Загреб. Актерката во моментов  е актуелна како Јелена од Драчево од хумористичната серија „Преспав“.

Таа веќе шест години живее во Хрватска, каде на снимањето на серијата „Тајни“, го запозна Стјепан со кого се омажи.

“Не правевме свдаба, туку тоа повеќе беше журка во Загреб, со блех- оркестар од Штип“, ни откри неодамна во интервју за “Репортер“, актерката Јованова.

Таа ни раскажа дека Стјепан често доаѓа во Македонија, и дека ја обожава македонската храна. „На мени морам да имам тавче гравче и сарма. Секако дека ја сака и штипската пастрмалија’, ни раскажа Јелена. Текстот Јелена Јованова објави романтична фотографија со сопругот Стјепан е превземен од Reporter.mk.

Најнови вести