15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Ја стесни половината? Бијонсе нападната за „пеглање“ во Фотошоп

Најчитани вести

Не помина незабележано

Атрактивната пејачка Бијонсе опасно се приближува до 40-та година од животот, но нејзините обожаватели често истакнуваат дека дури и двојно помлади девојки може да и завидат на нејзиниот изглед. Пејачката секогаш ги става бујните облини во преден план, особено кога станува збор за фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи. Иако фановите ја фалат за завидна линија, заради последната фотографија на Инстаграм, Бијонсе се најде на мета на дежурни критичари кои забележаа дека посегнува по Фотошоп.

Таа позираше во минијатурен фустан додека стоеше на скали. Во коментарите и пишале дека скалите се искривени од едната страна и почнале да шпекулираат дека нејзината намера била да ја стесни половината. „Изгледаат како скали на стадион. Како да направите фотографијата да изгледа како да е направена од професионален фотограф? ’ Се некои од коментарите под фотографијата. Но, имаше и такви кои вешто ја бранеа пејачката од „злобните јазици“ и напишаа дека за добра фотографија едноставно треба да изгледате како Бијонсе.

Пејачката е свесна за својот изглед, па го претвори во профитабилен бизнис. Таа има своја модна линија „Ајви Парк“ и често не и требаат модели за да ја претстави облеката од колекцијата до потенцијалните клиенти – сама се грижи за сè. Добива комплименти, особено кога ќе се затегне во латекс, нагласувајќи ја својата бујна позадина и градите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести