-9.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Ја почна годината како 74. тенисер во свет, а ќе ја заврши пред Федерер?

Најчитани вести

Нова сензација имаме на Мастерсот во Индијан Велс, а тоа е британскиот тенисер Камерон Нори, кој го декласираше Диего Шварцман со 6-2 и 6-0 за пласман во полуфинале на турнирот.

Британецот, кој никогаш во кариерата, не се пласирал подалеку од третото коло на некој гренслем-турнир, успеа да го оствари најдобриот резултат и да си обезбеди место од следниот понеделник да биде во топ-20 тенисери.

Во полуфинале ќе игра против Димитров или Хуберт Хуркач, а доколку слави и таму, тогаш Британецот би можел да го престине и Роџер Федерер до крајот на годината.

Интересно е тоа што Нори на 1 јануари 2021 година тргна како 74. тенисер во светот, а потоа направи огромен напредок на АТП-листата и од понеделник ќе има само 1.030 бодови помалку од легендарниот Швајцарец.

Со оглед на тоа дека Федерер ќе загуби уште 900 бодови до крајот на годината, а Нори треба да настапи на уште неколку турнири, тогаш постои голема веројатност дека Британецот ќе заврши пред големата легенда.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com