Home » Ја поздравуваме одлуката на советниците на општина Бутел што го послушаа нашиот апел

Ја поздравуваме одлуката на советниците на општина Бутел што го послушаа нашиот апел

by Журнал.мк

Градот Скопје ја поздрави одлуката на советниците во Советот на општина Бутел да го послушаат апелот на градот и да избришат седум маркици со кои се предвидуваше изградба на згради, а кој ДУП го гласал токму Дарко Костовски како советник во Советот на општина Бутел во 2015 година.

„ Истите беа во директна спротивност на начелото за хумано живеење, како и со вториот план со кој се предвидуваа 26 метри високи згради. Овие планови, кои денес се укинаа со одлука на Советот на општина Бутел, апелираме да бидат пренаменети во простор за зеленило, паркови и игралишта.

Сепак, ова не ја менува суштината на проблемот во врска со бул.Боца Иванова. Трасата на овој булевар е утврдена со ГУП кој е повисок акт на ДУП и истиот не може да се промени со иницијатива на општина Бутел“ велат од Градот Скопје.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk