21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Ја нарекуваа „крава“, таа сакаше да се самоубие, а денес го живее својот сон и погледот кон неа ве тера да воздивнувате

Најчитани вести

Манекенката Вини Харлоу (26) и нејзиното момче Кајл Кузма (25) беа фотографирани заедно по вечерата во луксузен ресторан во Малибу, а моделот изгледаше многу волшебно по тој повод.

Имено, вљубената двојка беше фотографирана на вечера во „Нобу“ во Лос Анџелес, неколку дена по Денот на вљубените, бидејќи на тој датум Кајл беше на пат со тимот на Лејкерс. Па така, нивниот Ден на вљубените беше одложен за денот кога тој се врати.

По тој повод, Вини носеше светло розев фустан, со свилен завој околу половината и розова чанта „Фенди“, а облече и беж салонки со црни врвки. Манекенката ги стави своите долги и совршено обликувани нозе во преден план, а во фустанот се гледаше нејзината совршена силуета.

Вини имаше црна заштитна маска на лицето, додека ја остави долгата коса надолу да паѓа, а целиот изглед го заврши со дијамантски ѓердан.

Од друга страна, ѕвездата на НБА, Кајл беше во многу порелаксирана комбинација – искинати фармерки и беж маица, над која носеше кафеава јакна. Кошаркарот носеше длабоки црно-бели патики и бела заштитна маска на лицето.

И покрај тоа што страда од нарушувања на пигментацијата на кожата или витилиго, канадскиот модел е многу успешен во својата работа.

Родена е во 1994 година во Торонто и по потекло е од Јамајка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести