Колумбиската пејачка Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике во саботата објавија заедничка изјава дека се разделуваат по 12-годишната врска, а шпанските медиуми сега тврдат дека парот бил во отворена врска.
Меѓутоа, се тврди дека одлуката за објавувањето на заедничката изјава била всушност на Шакира и дека овој потег го изненадил фудбалерот на Барселона.
Барем така тврди новинарот Хосе Антонио Авилес, кој се појавил во емисијата „Viva la Vida“, откако наводно разговарал со луѓе блиски на Пике, пренесува „Marca“.
„Некој многу, многу близок на Пике ме убеди дека не се случило неверство од негова страна. Многу се изненадил од раскинувањето и изјавата која Шакира ја дала“, навел новинарот. Истиот новинар тврди и дека фудбалерот и пејачката во последните години имале отворена врска.
„Нивниот договор бил ‘ти прави што сакаш, а јас ќе правам што сакам’, но на јавноста да им се претстават како пар“, додал Авилес, повторно тврдејќи дека разговарал со извори блиски на Пике.
„Жал нѝ е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашето деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето“, напишаа во споменатата изјава. Пејачката и фудбалерот имаат две деца, синовите Милан и Саша.
За парот во текот на минатите недели, дури и пред заедничката изјава, кружеа бројни гласини во кои се тврдеше дека Пике ја изневерувал Шакира. Тоа е, меѓутоа, спротивно на новите информации кои ги даде Хосе Антонио Авилес. Се појавија и информации во кои се тврди дека Пике веќе неколку месеци живее далеку од семејството, во свој стан.