7.8 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Јаткастите плодови ни помагаат да не се здебелиме?

Најчитани вести

Претходните истражувања веќе сугерираа на тоа дека редовното консумирање на јаткасти плодови редовно помага во спречување на кардиоваскуларни заболувања, а неодамнешните истражувања покажаа дека оревите, бадемите, лешниците, како и кикириките ги намалуваат шансите да се здебелиме како што минуваат годините.

Научниците дошле до овој заклучок со анализирање на податоците од повеќе истражувања во кои учествувале над 140.000 возрасни мажи и жени.

Анализите покажаа дека со зголемување на внесот на јаткасти плодови за половина порција (15 грама) дневно можеме да го намалиме ризикот од стекнување 2 или повеќе килограми за период од 4 години. На овој начин, исто така може да се намали ризикот од дебелина за 15 проценти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com