13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Јапонија ја продолжи вонредната состојба

Најчитани вести

Јапонија ќе ја продолжи вонредната состојба за уште еден месец, обидувајќи се да ја задржи под контрола епидемијата на коронавирус, иако бројот на дневни случаи се намалува.

Се очекува премиерот Јошихиде Суга официјално да објави продолжување на ограничувачките мерки до 7 март подоцна во текот на денот.

„Бројот на нови случаи на коронавирус опаѓа, но, сепак, е потребна претпазливост“, изјави Катсунобу Като, генералниот секретар на кабинетот.

Като додаде дека болниците се полни и дека стапката на смртност не е намалена.

Јапонија пријави нешто помалку од 392.000 случаи на коронавирус и нешто повеќе од 5.800 смртни случаи.

Токио во вторникот пријави 556 нови случаи со Ковид-19.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести