Јапонските власти планираат ова лето да почнат со издавање сертификати за вакцинација против Ковид-19, објави весникот Никеи. Во првата фаза, таквите пасоши ќе бидат издадени на граѓани кои често патуваат во странство.
Според весникот високи јапонски службеници во моментов користат сертификати кога патуваат во други земји, бидејќи САД и европските земји се повеќе бараат информации за статусот на вакцинација. Системот за пасоши за вакцинација во Јапонија го развива тим специјалисти под надзор на генералниот секретар на Владата, Катсунобу Като.
Се очекува до крајот на годината да бидат изработени дигитални пасоши за вакцинација врз принципот на мобилни апликации.