36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Јапонија: Милиони вакцини може да пропаднат поради недостиг на соодветни шприцови

Најчитани вести

Во Јапонија расте стравот дека милиони дози вакцина против коронавирус може да пропаднат поради недостиг на соодветни шприцови.

Властите се обидуваат да набават специјални шприцови за да може да се извлечат максимум шест дози од едно шише вакцина, а производителите на шприцови се обидуваат да го зголемат производството, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата „Фајзер“, чии вакцини ги набави Јапонија, тврди дека од едно шише може да се добијат шест дози од вакцината, но потребни се специјални шприцови.

Токио подготви стандардни шприцови со кои едно шише може да се подели во пет дози.

„Сè уште се обидуваме да обезбедиме специјални шприцови“, рече денеска министерот без ресор, Катсунобу Като.

Јапонија има 126 милиони жители и склучи договор со „Фајзер“ за набавка на 144 милиони дози на вакцина, односно за 72 милиони луѓе.

Корпорацијата „Нипро“, која произведува 500.000 шприцови месечно во фабриката во Тајланд, објави дека планира да го зголеми месечното производство на неколку милиони, но предупреди дека за тоа ќе бидат потребни пет месеци.

Друг голем јапонски производител на медицинска опрема, Терумо, објави дека почнува да развива шприцови кои можат да извлечат шест дози од шишето, но дека сè уште не знае кога ќе започне со комерцијално производство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести