1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Јапонија е пред најсериозната ситуација од почетокот на пандемијата

Најчитани вести

Јапонија се соочува со најсериозната ситуација од почетокот на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска главниот советник на владата за медицински прашања Шигеру Оми.

Градот домаќин на Олимпијадата вчера регистрираше 3.177 нови случаи на коронавирус, што е рекорден број, втор ден по ред. На национално ниво, случаите по првпат го преминаа прагот од 9.500 заразени.

– Најголемата криза е тоа што општеството не го разбира ризикот, рече Оми пред парламентарната комисија. Тој ја повика „владата да испрати посилна и појасна порака”.

Оми рече дека вакцинациите можат да го спречат ширењето на вирусот, но многу други фактори се закануваат да предизвикаат зголемување на инфекциите. Меѓу нив се многу заразна Делта варијанта, исцрпеност на општеството од ограничувања, како и Олимписките игри. Само 26,5 проценти од Јапонците досега се целосно вакцинирани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести