7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Јанша: Проширување на ЕУ ќе следи по решавањето на спорот Скопје-Софија

Најчитани вести

Самитот ЕУ-Западен Балкан е многу важен настан што ја кристализира ситуацијата во регионот, но отворените прашања како што се односите меѓу Белград-Приштина, како и меѓу Македонија и Бугарија, мора да се решат пред проширувањето, изјави вчера словенечкиот премиер Јанез Јанша за самитот во Словенија кај Крањ.

Тој на прес-конференција со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека тоа е настан што се споедува со Солунскиот самит во 2003 година.

-Тоа беше време кога трагичните ефекти од минатиот век се чувствуваа во воздухот. Тогаш се мислеше дека проширувањето ќе се случи порано. Но, оваа одлука беше проследена со неколку кризи, дури и во ЕУ, што доведе до одложувања, рече Јанша. Тој додаде дека декларацијата усвоена вчера има многу позитивни пораки, од заеднички инвестиции до роаминг.

Според него, не е тајна дека Словенија бара „слободна временска рамка“ за идните чекори за проширување, дека овој момент не е вклучен во декларацијата, но дека постои голема подготвеност на земјите-членки пред следната деценија да ја постигнат најголема можна европска перспектива на Западен Балкан.

-Важно е декларацијата да го содржи концептот на проширување. Ние веруваме дека индивидуалните чекори за проширување може да се завршат во следната деценија, заклучи Јанша.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com