1 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Јанчев го става политичкиот ангажман на пауза – кај СДСМ исклучиво како градоначалник

Најчитани вести

Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, во следните две години ќе го стави својот политички ангажман на пауза. Нема да учествува во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори, нема да формира нова партија и нема да премине во СДСМ, како што се шпекулира од синоќа, кога седна во првиот ред на нивна трибина во Кавадарци. Останува член на ВМРО-ДПМНЕ, лично ќе ги поддржи, а отишол на трибина на спротивниот табор за да ги чуе плановите на владата за неговата општина.

На прославата на денот на ВМРО во Прилеп, Јанчев тврди дека  не бил поканет, затоа и отсуствувал. Од партијата му одговорија дека само најтесното партиско раководство добило покани, а дошле сите кои сакале. На нивните предизборни листи не се планирани лица кои не се согласуваат со партиската политика.

По ланскиот референдум за името, Јанчев беше разрешен од потпретседателското место во партијата поради несогласување со партискиот став за ова прашање.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести