14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Јанчева: Во градскиот буџет нема пари за автобуси, институциите да истражат за диловите на Мицкоски

Најчитани вести

Со денови Данела Арсовска молчи во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговара за набавка на нови автобуси за градот Скопје.
Молчи и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски.
Тврдењето на Мицкоски дека тој преговарал и веќе се подготвувала тендерска документација за набавката на нови автобуси отвора сериозни сомнежи за корупција.
Сомнежите за коруција се основани, особено што во буџетот на Град Скопје нема ставка за набавка на 100 електрични автобуси, во Годишниот план за јавни набавки на Град Скопје исто така не е предвидена набавка на 100 електрични автобуси
Дали зад оваа набавка се кријат приватни интереси со странските фирми со кои на сомнителен начин е одлучено да се преговара?
Овој случај во многу наликува со набавката на кинеските автобуси пред 10ина година кога буџетот на државата бил оштетен за околу пет милиони евра.
По сето ова, на потег се надлежните институции кои мора да постапат.
Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата мора да постапат по овие наоди и да спречат нова криминална зделка на штета на граѓаните во град Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com