4.8 C
Skopje
Wednesday, October 20, 2021

Јанушев: Синот на Цветанка Иванова и бизнис партнер на Заеви добил тендер под крајно сомнителни околности

Најчитани вести

Роднините на функционерите на СДСМ и бизнис партнерите на фамилијата Заеви се имаат вклучено на најјако во грабање на државни тендери со огромни суми, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на денешната прес-конференција.

Тој презентираше, како што кажа, крајно сомнителен тендер во кој е вмешан близок роднина на висок функционер на СДСМ.

„Се работи за тендерот распишан од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта за Извршување на патни работи во зимски услови, и тоа за територија на подрачјето на Штип за сезоната 2019-2020 година. Ни помалку ни повеќе, најповолен понудувач за овој тендер, на кој вредноста може да достигне и до повеќе од 300.000 евра е синот на генералниот секретар на Собранието од редовите на СДСМ – Цветанка Иванова“, нагласи Јанушев.

Тој кажа дека, Зоран Иванов, син на Цветанка е сопственик на фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица и бизнис партнер на Трајче Заев во фирмата „ОМНИ ГРАДБА“ ДОО Струмица која се занимава со градежништво.

Според Јанушев, синот на Иванова и бизнис партнер на Трајче Заев го добил тендерот под исклучително сомнителни околности.

„Одлуката за избор е донесена на 08.11.2019 година. Нашите информации говорат дека токму во тој период фирмата ‘ДИКОР ЦД’ ДООЕЛ Струмица не ги исполнувала основните услови за добивање на тендерот кои се барало, односно не ја поседувала потребната механизација. Имаме информации дека дури после две недели, Зоран Иванов и фирмата ‘ДИКОР ЦД’ ја набавиле од грчка фирма потребната механизација и тоа под закуп. Машините се со грчки регистарски таблици и со налепници од грчката фирма сопственик“, објасни генералниот секретар на опозициската партија и доаде дека сето ова потсетува на случајот каде камионите на Вице Заев, како што кажа, возле за „СВ ИНВЕСТ“ во РЕК Битола.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com