13.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Јанушев: Не треба да се одлагаат изборите, Заев имаше три години да ги донесе законите

Најчитани вести

Избори ќе има. Изборите се договорни од сите политички субјекти на лидерската средба кај Пендаровски, и од тоа нема бегање. Ова го изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев запрашан за коментар по изјавата на премиерот Зоран Заев дека е можно одложување на изборите доколку не се донесат, како што рече, суштинските закони.

„Има помалку од 10-тина дена од заминувањето на Заев од премиерската позиција. Веројатно човекот го фаќа паника и едноставно немање на друг маневар се обидува на секој можен начин да проба да ги одложи изборите. Имаа три години да буквално ги донесат сите закони кои што сметаат дека ќе бидат од бенефит на граѓаните и од бенефит на Република Македонија меѓутоа тоа не го направија напротив една шајка не успеаја да заковаат овие три години немаат буквално еден проект кој што го реализираа. Единствено ги кочеа оние проекти кои што ги наследија станува збор за убедливо најнеспособната влада во историјата на државата и со сите тие работи кои ги имате на памет единствено логично е да пробаат да бегаат од избори но тоа нема да се дозволи избори на 12 Април ќе има“, рече Јанушев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com