21.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Јануарските пензии на сметките ќе легнат од следната среда

Најчитани вести

Владата вчера на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година.

Како што соопшти владината Прес-служба, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 јануари 2022 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 јануари 2022 година, а за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27 јануари 2022 година.

За пензиите, пак, со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 јанаури 2022 година и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31 јануари 2022 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com