Третото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе биде затворено со денешното дерби меѓу шампионот Струга Трим Љум и Брера.
Стрелецот на првиот гол за струмичани сезоната Ѓорге Јанкулов вели дека се максимално подготвени и во Струга заминуваат по поволен резултат.
„Мислам дека сме одлично подготвени за натпреварот со Струга. Се надеваме на позитивен резултат и да ги освоиме трите бода. Го почитуваме успехот на Струга на европска сцена ова лето, направи историски успех, но како што кажав одиме на победа“, рече Јанкулов.
Натпреварот во Струга се игра од 17:00 часот и истиот ќе биде вистински тест за стружани пред двомечот со Брејдаблик во плеј-офот од Конференциската лига.