16 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Јанкуловска: За уништувањето на опремата за прислушување дознав од СЈО, рутински беше проследено кај мене на потпис

Најчитани вести

Поранешната министерка Гордана Јанкуловска тврди дека не знаела дека ќе се уништува опремата со која е извршена масовна злоупотреба со нелегално прислушување иако таа ја потпишала одлуката за формирање на комисија во УБК.

„Јас како што гледате сум потпишана на тоа решение за уништување на опремата. Рутински било кај мене проследено на потпис, без забелешки, усогласено, и јас рутински сум го потпишала. Дознав кога СЈО го отвори случајот „Тврдина“, а од документацијата која ја потпишав не може да се утврди дека ќе се уништува опремата за следење на комуникации“, рече Јанкулоска.

Уште на почетокот, на прашање на нејзиниот адвокат Љупчо Шврговски, таа кажа дека членовите на комисијата која одлучувала ја имале одговорноста да ги гледаат деталите и да внимаваат сè да биде по законот.

„Предлагачот за формирање комисии во МВР самиот ги определува нејзините членови”, рече таа.

а време на исказот, поранешната министерка рече дека никој не и посочил дека со барањето за УБК за комисија има проблеми и таа го потпишала.

„Проблемите ги дознав од сведок во иваа судница“, истакна таа и посочи дека УБК била високо самостојна организација во составот на МВР.

Иако и биле доставени документите за уништување Јанкулоска тврди дека не ги видела и анализирала бидејќи тоа се случувало во време на настаните во Диво Насеље и нејзиното разрешување односно дадената оставка по кумановските настани. Искази даваат и други обвинети во случајот тврдина таргет, а исказ треба да даде и Сашо Мијалков, поранешен прв човек на УБК.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести