8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Јанис го среди Финикс – Милвоки намали на 2:1

Најчитани вести

Милвоки бакс победи во третиот меч од финалната серија со Финикс санс 120:100 и го намали резултатот на 1:2.

Милвоки доминираше во скокот, во поените од втора шанса (20:2), клуч за победата беше предноста која ја стекнаа во втората четвртина. Во третата, Санси успеаја да се доближат, нивниот напад го одби Јанис Адетокумбо.

Гркот стана првиот играч по Шекил О’Нил, кој во големото финале, на два натпревари по ред постигнал преку 40 поени. Прв на таа листа е Мајкл Џордан со четири такви натпревари во низа.

„Јас не сум Мајкл Џордан“, рекол Јанис кога му го соопштиле тој податок.

Адетокумбо забележа 41 поен, 13 скокови и шест асистенции. За разлика од вториот натпревар, Јанис на домашен терен доби поддршка од соиграчите, Џру Холидеј постигна 21, Крис Мидлтон 18, а Боби Портис и Брук Лопез по 11 поени.

Финикси го предводеа Крис Пол со 23, Диандре Џордан и Џе Краудер со по 18 поени. Потфрли Девин Букер со само 10 поени.

Четвртиот натпревар се игра в четврток, во 3 часот по македонско време.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com